Sefa Mutlu
13 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган го прими во Истанбул претседателот на Иран Хасан Рохани, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот на двајцата лидери е одржан во палатата Јилдиз Сараји Мабејн.
Рохани претходно денеска присуствуваше и на вонредниот самит на Органзацијата на исламска соработка (ОИС) на којшто се разговараше и за прашањето на Кудс.
Во обраќањето на самитот на ОИС Рохани порача дека се подготвени на соработка со муслиманските земји со цел заштита на Кудс.