Aykut Karadağ,Sertaç Bulur
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Вработен во Американската Федерална истражна агенција (ФБИ) во Турција беше поканет денес во полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои ги доби новинарот на АА, вработениот на ФБИ, чие име е непознато, беше повикан во полиција во врска со денешното сведочење за пребеганиот член на терористичката организација ФЕТО Хусеин Коркамаз во Њујорк.
Koркмаз, кој е поранешен заменик на комесарот на полицијата во Истанбул, е сослушан во Њујорк во рамките на судската постапка против заменикот на поранешниот генерален директор на Халк Банк Мехмет Хакан Атила.
Koркмаз во своето сведочење рече дека американска Федерална истражна агенција (ФБИ) му дала 50,000 долари и дека трошоците за престој во САД му ги платило обвинителството.
„Обвинителството во три наврати ми даде по 300 долари, вкупно 900 долари. ФБИ ми даде 50.000 долари. Куќата каде што престојувам ја пронајде обвинителството и ми плаќа кирија", рече Koркмаз, додавајќи дека самиот тој не побарал никаква помош.