Kadir Karakuş
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг, кој пристигна во турското Собрание на состанок на пратеничката група на Партијата АК. Притоа даде одговор на прашањата на новинарите, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Боздаг рече дека од аспект на турско-американските односи и пријателство, потребно е лидерот на терористичката организација на Фетулах (ФЕТО), Фетулах Ѓулен да ѝ биде испорачан на Турција, наведувајќи дека откако Ѓулен ќе излезе пред лицето на правдата, потребно е да му се суди на фер начин.
- „До САД го испративме нашиот втор допис" -
Министерот за правда Боздаг, потсети дека до САД испратиле допис со содржина за итно фаќање и апсење на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен.
„Со цел за апсење на лидерот на ФЕТО, Фетулах Ѓулен, до САД го испративме нашиот втор допис".
Боздаг рече дека во вториот допис се објаснуваат причините за итното апсење на Ѓулен, што се бараше во првиот допис испратен до САД и продолжи:
„Врз основа на нашиот прв допис и нивното прашање ‘зошто итно’, во вториот допис ги дадовме нашите одговори: ‘Постојат сериозни обвинувања и искази за поврзаноста на Фетулах Ѓулен со обидот за државен удар. Затоа е потребно негово итно апсење, бидејќи имаме разузнавачки информации дека има намера да избега во трета земја’, стои во нашиот втор допис кој го испративме".
- „Се надевам дека САД ќе ѝ го испорача Ѓулен на Турција"
За време на средбите што ќе ги оствари во текот на посетата на САД, Боздаг истакна дека ќе побара испорака на Ѓулен.
„Се надевам дека САД по ова прашање, во интерес на демократијата и владеењето на правото, ќе се согласи со барањата и овој терористички лидер ќе ѝ го испорача на Турција", рече министерот за правда на Турција, Боздаг.