Ali Eyvaz
02 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денес во Анкара изјави оти не е вистина тоа дека воените училишта се затвораат во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Велат дека се затворени воените училишта. Тоа не е точно. Воените училишта продолжуваат со работа. Направивме нешто друго, ги затворивме средните училишта од таа струка и во иднина во воените училишта ќе можат да се запишат сите како што се запишуваат на универзитетите. Тоа ќе им овозможи на сите од средните училишта, од сите насоки, да одат во воено училиште. Значи, ги укинавме недостатоците при самиот пристап кон тие училишта”, изјави Јилдирим.