Ferdi Türkten
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг денеска во Анкара изјави дека лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, за САД и за некои други земји го изгуби својството на корисна алатка, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг беше гостин на денешниот уреднички деск на АА во Анкара, каде што одговараше на прашањата од новинарите и уредниците на АА од целиот свет, коментирајќи ги актуелните случувања во Турција.
Коментирајќи го историскиот Митинг на демократијата и загинатите херои, одржан на 7 август во Истанбул, на кој присуствуваа околу пет милиони луѓе, истакна дека пораките на 7 август и 15 јули се дека луѓето од Турција никогаш нема да дозволат удари во таа земја.
„Ако се прашувате кои се пораките од 7 август и 15 јули, па тие се јасна порака до непријателот дека во Турција веќе нема да биде извршен удар и дека овој народ никогаш нема тоа да го дозволи”, рече Боздаг.
Во врска со лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, Боздаг истакна дека Ѓулен во САД и во другите земји го загуби својството на корисна алатка.
„Терористичката организација ФЕТО сега е дешифрирана, откриен е синџирот на училиштата за разузнавање. Што се однесува до ФЕТО во Турција, тоа е готово, но исто така и во другите земји”, рече Боздаг.
Турскиот министер за правда, исто така ги повика сите оние кои имале каква било врска со терористичката организација ФЕТО да кажат сè што знааат за таа организација.
„Сите оние што досега имаа врска со терористичката организација, кои беа внатре во неа, кои се во притвор, се уапсени или се во бегство поради државниот удар, сите ги повикувам ако си ја сакаат својата земја, народот, Бог, Книгата, да кажат сè што знаат”, рече Боздаг.