Kemal Karadağ
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, во Анкара се сретна со Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата која се одржа во министерството, траеше околу еден час и помина зад затворени врати.
На средбата на која се разговарало на теми поврзани со меѓусебната соработка учество зеле и амбасадорот на Република Македонија во Анкара, Звонко Муцунски, јавниот обвинител на Врховниот суд на Република Турција, Мехмет Акарџа, заменикот-јавен обвинител на Врховниот суд на Република Турција, Халил Адигузел, генералниот директор на Министерството за правда за меѓународно право и меѓународни односи, Харун Мерт и официјални лица од министерството.