свет

Велика Британија ќе ги прими децата на своите државјани членови на ДEAШ од Сирија

Децата, чии имиња не се откриваат од безбедносни причини, ќе бидат првите британски државјани што ќе бидат вратени во Велика Британија од областите претходно контролирани од страна на ДЕАШ

Hasan Esen  | 22.11.2019 - Обновена : 25.11.2019
Велика Британија ќе ги прими децата на своите државјани членови на ДEAШ од Сирија

ЛОНДОН (АА) - Велика Британија донесе одлука да ги прими децата сираци на убиените британски државјани, членови на ДЕАШ, од Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Овозможивме да се вратат дома, затоа што тоа беше најправедната работа што требаше да се направи“, рече Доминик Рааб, министерот за надворешни работи на Велика Британија.

Истакнувајќи дека децата треба да бидат поддржани за да се вратат во нивниот нормален живот, Рааб додаде: „Овие невини деца без родители, никогаш не требаше да бидат подложени на ужасот на војната.“

Децата, чии имиња не се откриваат од безбедносни причини, ќе бидат првите британски државјани што ќе бидат вратени во Велика Британија од областите претходно контролирани од страна на ДЕАШ.

Во камповите во Сирија се наоѓаат 25 жени и повеќе од 60 деца, повеќето од нив под 5-годишна возраст.

Иако Велика Британија не сакаше да ги врати назад своите граѓани, вклучително и децата, повикувајќи се на загриженост во врска со безбедноста, министерот Рааб минатиот месец соопшти дека размислуваат да ги примат назад сирачињата и малолетните деца.

Претходно, Франција, Германија, Норвешка и Данска примија мал број деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın