Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 10 беа повредени во експлозија пред седиштето на хуманитарна организација во Дана, во северозападниот сириски град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на цивилната заштита на Идлиб, Мустафа ал Hас Јусуф, за АА изјави дека имало бомбашки напад пред зградата на хуманитарна организација. АА дознава дека станува збор за зградата на Меѓународниот спасувачки одбор (IRC), со седиште во Соединетите Американски Држави (САД).
„Нападот се случи пред зградата на хуманитарната организација, каде што најмалку четири лица беа убиени, а 10 повредени“, рече Јусуф.
Повредените во нападот биле хоспитализирани, а како последица од експлозијата е предизвикана значителна материјална штета на околните станбени објекти. IRC сè уште не се огласи во врска со нападот.