Ekipa
03 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
ЛАКНАУ (AA) - Најмалку 72 лица ги загубија своите животи во силна бура што ги погоди деловите од северна и западна Индија, а беа урнати и голем број куќи и дрвја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индискиот помошник комесар Санџај Кумар изјави дека сериознa штета претрпе градот Агра во северна Индија, познат по Таџ Махал. Тој нагласи дека синоќа во државата Утар Прадеш, загинале околу 45 луѓе, од кои 36 во Агри, а дека брзината на ветрот достигнала и до 130 километри на час.
Индиската Новинска агенција „Прес Труст“ објави дека во западната индиска држава Раџастан загинале најмалку 27 лица, а биле повредени околу 100-тина.
Дождовната бура ги изненади жителите на Индија, бидејќи до сезоната на монсуните има уште најмалку шест недели.