Ekip
03 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
СЕУЛ (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, соопшти дека Северна Кореја наскоро ќе ги ослободи тројцата уапсени државјани на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп преку Твитер објави дека Северна Кореја е подготвена за ослободување на тројцата американски „заложници“ и се пофали дека тоа било невозможна мисија за администрацијата на неговиот претходник, Барак Обама.
Претходно, јужнокорејскиот активист Чои Сунг Јонг изјави дека овој месец американските граѓани во Северна Кореја биле префрлени од кампот за принудна работа во хотел.
Ким Хак Сонг, Тони Ким и Ким Донг Чул се американските државјани кои се уапсени во Северна Кореја во периодот од 2015 до 2017, а официјален Пјонгјанг ги обвини за непријателски и шпионски активности.
За неколку недели се очекува историската средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, со која се очекува да се стави крај на севернокорејската нуклеарна закана и криза на Корејскиот Полуостров.