Emre Gürkan Abay
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
МОСКВА (АA) - Рускиот воен авион се урна во близина на воената база „Кмеимим“ во сириската област Латакија, јавува Anadolu Agency (AA).
Руското Министерство за одбрана ја потврди веста за падот на авионот Су-30СМ.
Во соопштението се вели дека авионот се урнал во Средоземното Море, веднаш по полетувањето од базата и дека двајцата руски пилоти загинале во несреќата.
Министерството за одбрана тврди дека падот на авионот не бил резултат на непријателски напад, туку дека до неисправноста на моторот најверојатно дошло поради судирот со јато птици.
Руската воена база „Кмеимим“ се наоѓа во Латакија и е централна команда за руските воздушни интервенции во војната која ја зафати Сирија.