Elena Teslova
03 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес изјави дека на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) му се потребни реформи за подобро прикажување на мултиполарната глобална реалност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во рамките на новиот мултиполарен свет се појавија нови центри за економски раст, финансиска моќ и политичко влијание“, изјави Сергеј Лавров на прес-конференцијата во Сочи, по средбата со министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман ал Сафади.
„Денес, од 15 членки на Советот за безбедност (пет постојани и десет непостојани), една третина припаѓаат на западната група земји, која има три постојани и две непостојани места. Ова несоодветно ја одразува постоечката реалност.“
„Земјите од Азија, Африка и Латинска Америка се недоволно застапени во Советот“, додаде тој, именувајќи ги Индија и Бразил како силни кандидати за проширено порепрезентативно тело.
Турскиот претседател Ердоган со години ги дава истите тврдења, нарекувајќи го составот на сегашниот Совет нерепрезентативен, велејќи дека „светот е поголем од пет“, што значи, пет постојани членки на Советот.