КЕЛН (АА) - Претседателот на асоцијацијата „Оперативни сили“ за Бурма, Абдулмалик Муџахид, насилството извршено врз араканските муслимани во Мајнамар го спореди со случувањата во концентрационите логори во нацистичка Германија, и рече: „Во 21 век, 129.000 лица се држат во концентрациони кампови. Веднаш треба да се најде соодветно решение кое ќе стави крај на овој геноцид“, јавува Anadolu Agency (AA).
Муџахид се обрати на Меѓународната конференција за Аракан која се одржа во германскиот град Келн, организиран од страна на Исламската заедница „Национален поглед" (IGMG) и Меѓународното хуманитарно здружение „Хасене“, каде што истакна дека араканските муслимани кои се изложени на геноцид, немаат основни права како што се државјанство и право за овразование.

Муџахид нагласи дека голем број лица се масакрирани во овој регион, чија точна бројка не е позната, и дека според проценките во последната година се убиени над 100.000 лица. Според него, забележани се и голем број случаи на силување.
Муџахид пренесе дека според податоците на Обединетите нации (ОН), 52 отсто од жените Рохинџи се изложени на силување.
„Разговаравме со 160 лица кои се во оваа состојба. Само една жена од сите со кои разговаравме не беше силувана. Го зеле нејзиното дете, и го убиле удирајќи го по неговата глава. Седум пати го посетив регионот каде што се случи катастрофата. Таму над 120.000 жени биле силувани“, додаде тој.

Муџахид случувањата во Мјанмар ги спореди со практиките на нацистичка Германија.
„Во 21 век, 129.000 лица во Мјанмар од 2012 година се држат во концентрациони кампови. Веднаш треба да се најде соодветно решение кое ќе стави крај на овој геноцид. Ова е еден систем за апсење забележан во нацистичка Германија. Станува збор за голем број лица. Веднаш треба да најдеме соодветно решение кое ќе стави крај на овој геноцид. Пред сè, треба да се осигура безбедност, со цел да се стави крај на геноцидот, и луѓето да почнат да се враќаат назад. Тие се обидуваат да се однесуваат на прагматичен начин, но ова е единственото решение тука“, истакна Муџахид, додавајќи дека претходно 150 држави потпишале Договор поради холокаустот, и дека сè додека не се направи тоа и таму (во Мајнмар) ќе се предизвикуваат многу сериозни резултати.
- „Може да се применува опција на санкции“ -
Поранешниот главен обвинител на Австрија, Хон Филип Рудок, кој е еден од поранешните високи членови на австрискиот Парламент, нагласи дека е потребно во најбрзо време да се стави крај на прекршувањата на човековите права во Мјанмар.
Рудок рече дека ако има потреба, меѓународната заедница може да применува опција на санкции, со цел да се страви крај на оваа трагедија.
„Се надевам дека сите овие членови, и членките на Советот за безбедност на ОН ќе дејствуваат заедно. САД, Франција, Велика Британија, Кина и Русија, сите овие треба да дејствуваат заедно“, додаде тој.
„Властите таму веќе половина век ја држат моќта на свои раце. Треба да продолжиме да пишуваме, треба да ја продолжиме борбата“, рече во своето обраќање Абид Бахар, професор во Колеџот „Доусон“.
- „Треба да се промени статус-квото“ -
Јакоб Стиркен, еден од основачите на Европската канцеларија за Бурма, прашањето за Бурма го опиша како едно регионално прашање и прашање во светски рамки.
Стиркен информираше дека дијаспората на Рохинџите достигнува до 2 милиона и 300 илјади лица.
„Во Саудиска Арабија се наоѓаат 300-400 илјади Рохинџи. Врз основа на една регулатива направена со кралот Фејсал, 80.000 лица започнаа да работат како гостински работници во Бангладеш. Овие лица веќе не мислат да се вратат назад. Не постои можност Рохинџите кои живеат во Пакистан и слични земји, повторно да добијат правен статус. Ова треба да се реши. Не е логично да се каже дека 'ќе се вратат овие лица'. Затоа е потребно лобирање. Треба да понудиме една можност за овие лица во овие земји да ја легитимираат нивната положба, бидејќи оваа криза се повторува. Статус-квото треба да се промени на тој начин што случувањата против етничките заедници повеќе да не можат да бидат можни“, додаде Стиркен.
- „Постои притисок врз изворите на печатот и вестите“ -
Шефот на Редакцијата на АА на светските јазици, Мехмет Озтурк, Араканците ги опиша како „Палестинци на Југоисточна Азија“, и рече дека нивната состојба е полоша дури и од онаа на Палестинците.
Озтурк нагласи дека постои притисок врз изворите на печатот и вестите во регионот.
„Постои голем притисок врз новинарите во врска со Аракан. Новинарите треба да добијат дозвола, со цел да одат во регионот на Аракан каде што се случуваат масакрите и суровоста. Таа дозвола или не може да се добие, или многу тешко се добива. Затоа, постои едно големо оцрнување. Од регионот може да се инфлитрираат информации толку колку што дозволува режимот. Информациите околу регионот се добиваат преку извештаите подготвени во ограничена мера, и од сателитските снимки. Изворите на вести за новинарите се ограничени, и претежно се изложени на манипулација на администрацијата. Новинарите можат да се соочат со арбитрарно притворање“, додаде Озтурк.