Amina Zorniç
26 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Муслиманите се интегриран дел од Европа и фаткор за стабилност, порачано е денес од третиот ден на Првиот европски самит за исламофобија кој од 24-ти јуни се одржува во Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).
Исламофобијата во Европа, како еден од најголемите предизвици на денешницата на Стариот континент, е рeалност, но и предизвик за европските политичари, тврди портпаролот на Самитот, Мудасар Ахмед.
Според неговите зборови, по завршниот состанок на учесниците на Самитот ќе биде прифатена и заедничката декларација која, освен европската јавност, треба да посвети посебно внимание на политичарите во Европа.
„Европа моментално поминува низ преседан на несигурност. Тука е излезот на Велика Британија од Европската унија, зајакнувањето на десничарските странки ширум европските земји и прашањата на исламофобијата. Веруваме дека оваа декларација ќе повика на единство, толеранција и позитивна иднина на Европа. Декларацијата ќе биде објавена во јавноста, медиумите, се надеваме дека европските политичари ќе gо слушнат она што имаме да го кажеме: муслиманите се интегриран дел од Европа, можеме да бидеме фактор на стабилноста во Европа и чувствуваме дека е од витална важност политичарите да обратат внимание на тоа”, истакна Ахмед.
Зборувајќи за причините за исламофобичната нетрпеливост и актуелните антимуслимански пораки во Европа но и во светот, учесниците на Самитот истакнуваат дека такво нешто мора да го надмине демократијата и почитувањето на човековите права.
Докторот Фарид Хафез од Одделот за политички науки на Универзитетот во Салцбург додава дека е потребна храброст за спротиставување на исламофобијата односно непријателските пораки и работи насочени против муслиманите кои се една од бројните европски верски групи.
„Мислам дека важноста на овој Самит е во суштина да се стави фокус на овој проблем кој го имаме - проблемот на исламофобијата која постои, да станеме свесни за тоа. Она што го сакаме од сите европски сили е тоа истите да се залагаат за демократијата, човековите права, плурализмот и да застанат против исламофобијата. Ова ќе биде дел од декларацијата. Она што ни треба се храбри политичари кои се залагаат за вредностите”, нагласи Хафез.
Спонзорите на Европскиот самит за исламофобија во Сараево се Министерството за надворешни работи на Турција и Фондот за промоција на Република Турција, додека партнери се истанбулската Општина Умраније и Општината Стари Град.