Erkan Avci
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Да бидеме јасни, американските муслимани ја сакаат оваа земја, како и Американците, и исто така се интегрирани во ова општество, рече претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во Белата куќа организираше прием по повод Курбан Бајрам, а за време на говорот го пофали она што американските муслимани го направиле за оваа заедница.
Тој смета дека американските муслимани не треба да се чувствуваат како граѓани од втор ред.
Американскиот претседател потсети на терористичките напади во Орландо и на француската Ница.
„Знам дека сте вредни членови на американското семејство и дека не постои нешто што не можете да го направите“, рече Обама.