Fatih Erel
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, се очекува да се состане со високите официјални лица на САД и Русија за да ги продолжи мировните преговори во Сирија, соопштија денес од ОН денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата надеж е дека било каква дискусија во Сирија ќе помогне да се движи процесот напред така што ќе можеме да ја почнеме следната рунда интра Сириските преговори”, изјави портпаролот Џеси Чанин на новата конференција на ОН во Женева.
Чанин одби да даде детали за имињата на учесниците, дискусиите или можната дата на новата рунда на сириските преговори.
Назначувајќи дека Мистура бил во Анкара да се состане со високите официјални лица за да дискутираат во врска со сириската криза, Чанин изјави дека Де Мистура подоцна ќе се состане со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во Берлин.