Bedrudin Brlyavac
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
МИНХЕН (АА) - Министерството за внатрешни работи на Германија потврди дека бројот на загинатите во вооружениот напад во еден трговски центар во Минхен се покачи на шест, јавува Anadolu Agency (AA).
Истрелите се слушнаа денес во попладневните часови. Голем број припадници на полицијата го опколија трговскиот центар во областа Музах. На видео-снимките на социјалните мрежи може да се види како луѓе бегаат во паника.
Безбедносните сили се во состојба на готовност откако во понеделникот, мигрант со нож нападна пет лица во воз во Баварија.
Полицијата на Минхен, во врска со вооружениот напад извршен во трговскиот центар соопшти дека според изјавите на сведоците, тројца напаѓачи за кои се сомнева дека носеле оружје со долга цевка се бараат низ целиот град и дека "можно е нападот да е терористички акт".