Hakan Çopur
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, присуствуваше на церемонијата на дипломците на Универзитетот Рутгерс во сојузната држава Њу Џерси, САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање претседателот на САД, Обама, за можниот кандидат на републиканската партија на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, кои ќе се одржат во месец ноември и неговите изјави поврзани со муслиманите, го соопшти следново:
„Понижувањето на муслиманите или нивното изолирање и предлогот за поинакво третирање при влез во земјата, не е само предавство на она што сме, туку може и да не отуѓи од нашите најважни партнери во борбата против екстремизмот, како во земјата така и во странство."
Истакнувајќи ја сѐ поголемата поврзаност меѓу државите, Обама во своето обраќање го критикуваше Трамп без да го именува.
„Градењето ѕидови нема да смени ништо. Тоа нема да ни ја заживее економијата и нема да ни ја зголеми безбедноста“, истакна Обама.
Претседателот на САД во обраќањето истакна дека идејата за изолација, во свет кој има сѐ поголема меѓузависност, е речиси неостварлива.
„Незнаењето не е доблест, ниту во политиката, ниту во реалниот живот. Доколку сакаме да си помогнеме себеси, потребно е да им помогнеме на останатите, а не со уривање на мостови и изолирање од останатиот свет.“