Ekipa
06 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
БЕЈРУТ (АА) - За време на најодбраниот месец за муслиманите, Рамазан, на неколку континенти животот го загубија 350 цивили во најновите напади на милитантите насочени главно против цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот академик со либански корени, Фаваз Гергес, кој во Лондон се занимава со експертиза на политиката на Блискиот Исток, меѓународните односи и односот исламот - Западните земји, тврди дека терористичката организација ДАЕШ во моментот води „егзистенцијална борба” .
„ДАЕШ моментално води егзистенцијална борба. Иднината на оваа организација е на маргините”, тврди Гергес.
Иако, месец Рамазан за муслиманите претставува време за пронаоѓање на мир и заедништво, милитантите во изминатите неколку дена ги одзедоа животите на голем број на луѓе низ повеќе напади, започнувајќи од нападот во Орландо на 12-ти јуни, во кој загинаа 49 лица, 44 во нападот на истанбулскиот аеродром на 28-ми јуни, 20 загинати на 1-ви јули во нaпадот на ресторан во Бангладеш, потоа два напади во Багдад на 3-ти јули во кој животот го загубија 200 цивили, па сè до самоубиствениот напад во Медина на 4-ти јули.
Гергес додава дека позициите на ДАЕШ, кои се најчесто одговорни за поголемиот број смртоносни бомбашки напади, во Ирак и Сирија слабеат подеднакво, при што нападите на нивните припадници се сè почести.
Ибрахим Бајрам, политички аналитичар од Бејрут, тврди дека најновите напади на ДАЕШ имаат за цел рушење на идеите за тоа дека организацијата слабее.
„На тој начин оваа група настојува да го зголеми капацитетот и да привлече повеќе членови” , изјави Бајрам.