Ekip
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во изминатите пет дена, колку што траат бурните дождови низ Кина, загинаа повеќе од 128 луѓе, пернесува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција Џинхуа ги објави податоците на Министерството за цивилни прашања, со кои тврди дека 42 лица се исчезнати во 11 кинески провинции, претежно по должината на реката Јнагце, најдолгата река во Азија.
Покрај човечки жртви, поплавите од поројните дождови уништија 41.000 станбени згради од каде што се евакуирани повеќе од 1,34 милиони луѓе. Трајно се уништени 295.200 хектари земјоделски култури. Уништена е и железничката пруга и патната мрежа.
Економската загуба се проценува на 38.16 милијарди Кинески јуани, што е 5.73 милијарди долари.
Метеоролозите прогнозираат дека поројните дождови во јужниот и западниот дел на Кина ќе се задржат до среда.