Hakan Ceyhan Aydoğan
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
МОСКВА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека Русија, Турција и Иран ја усвоиле заедничката декларација во која е наведено што ќе се стори во правец на решавање на кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со трилатералната соработка на Русија, Турција и Иран, овозможена е евакуација на цивилите од источниот дел на Алепо и повлекување на вооружените сили. Сметам дека процесот на евакуација ќе биде завршен за ден или два. Ова покажа дека трилатералниот формат е ефикасен“, изјави Лавров.
Лавров присуствува на трилатералниот состанок во Москва, каде што со турскиот и иранскиот колега, Мевлут Чавушоглу и Џавад Зариф, разговара за ситуацијата во Сирија.