Hakan Ceyhan Aydoğan
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека смета оти вооружените сили во наредните два до три дена во потполност ќе се повлечат од источниот дел на Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во Москва зборуваше за ситуацијата во Сирија, првенствено за случувањата на источниот дел на Алепо.
„Сметаме дека отпорот на вооружените групи ќе биде завршен во рок од два три дена. Оние што тоа ќе го одбијат, ќе направат сопствен избор. Формиран е коридор тие да го напуштат градот и дадена е гаранција за безбедност“, изјави Лавров.
Според неговите зборови, оние што го напуштаат Алепо мора да дојдат до територија на која ќе бидат сместени.
„Она што во моментот е важно е да се спречи трагедијата во Алепо“, изјави Лавров.
Рускиот министер изјави дека се формирани коридори за евакуација на цивилите и дека досега тоа подрачје го напуштиле десетици илјади цивили.
Лавров истакна дека Русија е во контакт со овие групи, освен со ДЕАШ и Ал Нусра.
Од друга страна, во соопштението на руското Министерство за одбрана се тврди дека водачите на вооружените групи од источниот дел на Алепо го прекршиле договорот постигнат со режимските сили, и во утринските часови започнале со судирите.