Hajer M'tırı
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
ПАРИЗ (AA) - Франција ги повика ОН да испратат свои набљудувачи за да ја надгледуваат евакуацијата на цивилите во источниот дел на Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Марк Еро денес изјави дека во процесот на евакуација на цивилите владее несигурност и тотална конфузија на теренот во источен Алепо.
„Франција бара присуство на набљудувачи на ОН кои ќе бидат гаранција дека евакуацијата на цивилите е приоритет, но и да не се масакрираат бунтовниците. Мораат да интервенираат хуманитарните организации како што се Црвениот крст и УНИЦЕФ“, изјави Еро за телевизискиот канал „Франс 2“.
Како резултат на турското посредништво, утринава, во седум часот по локално време настапи прекин на огнот во Алепо.
Според договорот, цивилите заробени во конфликтната зона ќе бидат префрлени со автобуси во западниот дел на Алепо, а по нив ќе бидат евакуирани и опозициските борци. Сепак, примирјето е прекршено по два часа, кога режимските сили на Башар ал Асад и шиитската милиција под иранска команда започнаа напади во источен Алепо.