İbrahim Ramadan,Sümeyye Özer
26 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
САНА (АА) - Членот на Високиот политички совет на Хусите, Мухамед Али ал-Хуси, на својот твитер-профил објави дека со оружјето на Франција, која ги снабдува коалициските сили, спроведен е напад на пазарот во Ер-Раку, во пoкраината Сада, на северот на земјата, и дека при нападот загинале околу 40 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Француското разузнавање и француското оружје за напади претставува кривично дело. Француските закони во замена за договори за продажба на оружје го толерираат ова“, нагласи Ал Хуси.
Коалициските сили предводени од Франција и Саудиска Арабија не се произнесоа во врска со наводите.
Хусите ги обвинија коалициските сили дека извршиле напад на пазарот во Ер-Раку, во покраината Сада, во понеделникот (на 23 декември) и дека при нападот загинале десетици луѓе.
Во Јемен, вокој владее подолга политичка нестабилност, продолжуваат судирите меѓу Хусите поддржани од Иран и владините сили.
Јемен е средиште на судири и насилства од 2014 година, кога Хусите, кои ги поддржува Иран, презедоа голем дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат јеменската Влада.