Murat Ünlü
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот Парламент го усвои нацрт-законот за продолжување на вонредната состојба во земјата до 15 јули 2017 година. Вонредната состојба беше воведена по терористичкиот напад во Париз во 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
По синоќешните дискусии во Парламентот што траеја до доцните часови, изгласан е нацрт-законот за продолжување на вонредната состојба.
Нацртот е усвоен откако 288 претставници гласаа „за“, 32 „против“, а петмина беа воздржани.
Вонредната состојба е прогласена по терористичките напади во Париз минатата година, во кои загинаа 130 лица. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ. Вонредната состојба е продолжена неколкупати.
Продолжувањето на вонредната состојба во понеделникот беше предложено од премиерот на Франција, Бернард Казанев на Советот на министри.
Нацрт-законот за продолжување на вонредната состојба треба да го изгласа Сенатот, чија седница е закажана за четврток.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга, во април и во мај, а парламентарните, исто така во два круга, во јуни. Одредени невладини организации ја критикуваат вонредната состојба во Франција, а нејзиното спроведување често е повод за демонстрации.