Ahmet Sait Akçay
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Турција и Русија денес повикаа на прекин на огнот како прв чекор за решавање на петгодишниот конфликт во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и неговиот руски колега Сергеј Лавров изјавија дека се согласуваат дека е потребно да се обезбеди хуманитарна помош.
„Неодамнешната ситуација во Сирија е јасна“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата во јужната турска област Аланија. „За жал, цивилите умираат... Но треба да се прогласи прекин на огнот во Сирија и да се обезбеди хуманитарна помош... За сирискиот територијален интегритет и единство, ние сме во договори со Русија“.
Лавров додаде дека Русија и Турција треба да обезбедат да се достави хуманитарната помош. „Ние ќе останеме во соработка за ова прашање“, рече тој.
Претходниот прекин на огнот, поддржан од Русија и САД, не успеја да овозможи д се достави хуманитарната помош.
Хуманитарната помош на цивилите е ограничена поради тековните борби, особено во Алепо, каде што силите на сирискиот режим поддржани од руските воздушни сили ги бомбардираат опозициските борци во источните делови на градот.
Русија го поддржува режимот на Башар ал Асад, а пак Турција ги поддржува опозициските групи со цел да се собори режимот. Во август, Турција започна операција во северна Сирија со цел да се ослободи областа од терористите на ДЕАШ. Сепак, на почетокот од оваа недела, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека операцијата исто така била со цел да се протера Асад.
Чавушоглу нагласи дека Турција го поддржува единството на Сирија при какво било решение по конфликтот.
„Ако не обезбедите политичко решение, како и национална еднаквост и територијален интегритет, може да се ослободите од ДЕАШ, но потоа може да се јави друга терористичка група“, изјави тој.
Лавров вели дека Турција и Русија (чии односи се привремено затегнати откако Турција пред една година го собори рускиот авион на сириската граница) мораат да го забрзаат процесот на нормализирање.
Чавушоглу рече дека процесот би требало да се забрза и да се отстранат пречките.
„Ние се согласивме за укинување на санкциите“, рече Чавушоглу.
„Дискутиравме за туризмот, за визите, за безбедносните прашања. Ќе се потрудиме да го забрзаме процесот“, истакна турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Министрите исто така се согласија да ги зајакнат односите во областите како што се економијата, трговијата и енергијата.
„Нашата цел е да ја продолжиме и да ја зајакнеме соработката меѓу Турција и Русија и да ве увериме дека тоа не е само во корист на двете земји, туку и за регионот“, рече Чавушоглу.
„Имаме намера да ги унапредиме нашите односи и да ги зајакнеме билатералните односи во сите области“.
Тој додаде дека двете нации поставиле цел да го зголемат обемот на тргување на 100 милијарди долари до 2023 година.