Tutku Şenen
13 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар, Џон Кери ќе се состанат во сабота на 15 октомври во настојување да договорат мир во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на руското Министерство се наведува дека состанокот е предвиден во Лозана, Швајцарија.
„Состанокот би требалo да ги вклучува Русија, САД, Турција, Саудиска Арабија, а најверојатно и Катар”,изјави Лавров зборувајќи за Си-ен-ен, во Москва.
„Би сакале да го одржиме состанокот во овој формат, да имаме деловен состанок, а не дискусија како на Генералното собрание” ,изјави Лавров.