култура и уметност

Хрватска: Изложени две дела кои му се препишуваат на Пабло Пикасо

Се тврди дека сликите настанале на почетокот на 20 век, кога младиот студент по медицина Истван Сабо наводно го запознал Пикасо во Париз

Stipe Majic  | 03.12.2019 - Обновена : 04.12.2019
Хрватска: Изложени две дела кои му се препишуваат на Пабло Пикасо (Foto: Stipe Mayic/Anadolu Agency)

ЗАГРЕБ (AA) - Во Колекционерската соба во Музејот на Мимарот отворена е изложбата „Picasso - Discovering the Masterpieces" на која прв пат се изложени до сега непознати дела кои му се препишуваат на Пабло Пикасо „Жена и гитара" (масло на платно од 1910 година) и „Мандолина и гитара", јавува Агенција Анадолија (АА).

Владан Десница од Одделот за конзервирање и реставрирање на уметности на загребската Академија на ликовните уметности презентираше извршени научни истражувања на делата.

Ги претстави постапките на површинската сликовна дијагностика, физикално-хемиска анализа и инфрацрвените снимки до спектроскопија.

„Заклучено е дека спроведените анализи и идентификуваните пигменти, а направени се повеќе од сто мерења на различни подрачја, одговараат на делата на Пабло Пикасо од наведениот временски период и во согласност се со научните истражувања на делата од тој период", рече Десница.

Тој тврди дека спроведените истражувања покажуваат дека сите идентификувани пигменти во потполност одговараат на палетата бои кои ги користеше Пабло Пикасо, како и дека материјалите се во склад со материјалите на автентичните дела на Пикасо, кои се истражувани со методот на јаглерод C-14.

Сликите настанаа на почетокот на 20 век кога младиот студент по медицина Истван Сабо наводно го запознал Пикасо во Париз.

Се тврди дека најпрвин лично од сликарот во 1913 година купил масло на платно „Девојка и гитара", а потоа на молба на Пикасо го изработил колажот „Гитара и мандолина".

Двете дела немаат потврда од синот и наследникот на Пикасо, Клауд Пикасо а сопствениците и приврзаниците на оригиналноста тврдат дека со испраќањето во Франција би постоела опасност делата да станат сопственост на државата Франција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın