Abdulkadir Karakaya
10 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АНКАРА
Во седиштето на УЕФА во швајцарсиот град Нион извлечени се паровите од новата натпреварувачка сезона, утврдувајќи ги можните парови од 2. елиминациско коло, јавува Агенција Анадолија (АА).
Второто елиминациско коло во Лигата на шампиони ќе се игра само со еден натпревар и без публика. Се игра еден натпревар. Доколку натпреварот заврши без победник и по продолжетоците, ќе се премине на изведување удари од 11 метри.
Натпреварите се закажани за 25 и 26 август. Екипите кои ќе загубат, својот пат ќе го продолжат во 3. коло на УЕФА Лига Европа.
Квалификациите кои се спроведуваат на начин Шампионска патека и Лига патека е следен:
Шампионска патека:
Флоријана / Клуж - Динамо Загреб
Јанг Бојс - КИ Клаксвик / Слован Братислава
Селтик / Рејкјавик - Ференцварош / ФК Јургорден
Флора Талин / Судува - Макаби Тел Авив / Рига
Легија Варшава / Дрит / Линфилд - Арарат / Омонија
Цеље / Дундалк - Молде / Купс Куопио
Будучност / Лудогорец - Мидјиланд
Динамо Брест / Астана - Конас-Ки Номадс / Сараево
Карабаг / Силекс - Шериф / Фола
Динамо Тбилиси / Тирана / Црвена Sвезда / Европа
Лига патека:
АЗ Алкмар - Викторија Плзен
ПАОК - Бешикташ
Локомотива Загреб - Рапид Виена