Doğa Kırmızıoğlu
12 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
АНКАРА
Во натпреварите за учество во плејофот на американската Национална кошаркарска лига, тимот на Портланд Треил Блејзерс го совлада Далас Маверикс со 134:131, благодарение на извонредниот перформанс на Дејмијан Лилард, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа седум натпревари во НБА. Во Западната конференција се води борба за последниот распоред на табелата пред почетокот на плејоф-натпреварите. Екипата на Портланд Треил Блејзерс во последните пет натпревари извојува четири победи - последната против Далас Маверикс со 3 поени разлика.
Блејзерс, кој ја извојува својата 34. победа сезонава, се наоѓа на 8. место во Западната конференција. Најголема заслуга за победата над Маверикс даде ол-стар ѕвездата Дејмијан Лилард со 61 поен, 8 асистенции и 5 скока, повторувајќи го сопствениот рекорд во најголем број на постигнати поени на еден натпревар. Со овој перформанс 30-годишниот Лилард се најде веднаш зад кошаркарската легенда Вилт Чејмберлен на листата на кошаркари кои на трипати во една сезона ја надминале бариерата од 60 поени. Лилард се најде на 6. место меѓу играчите кои во својата кошаркарска кариера трипати ја минале границата од 60 поени.
Значаен придонес во победата даде и Кармело Ентони со постигнати 26 поени и 8 скока.
Во редовите на Маверикс кој претходно го загарантира учеството во плејоф-натпреварите, најпрецизен беше Кристапс Порзингис со 36 поени, Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок од 25 поени, 10 асистенции, 8 скока и Тим Хардавеј со 24 поени.
Санси ја зголемија серијата на седум победи
Екипата на Феникс Санс ја совлада Филаделфија Севентисиксерс со резултат 130:117, и во продолжението на натпреварите во НБА по прекинот предизвикан од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) успеа бројката на последователни победи да ја зголеми на седум.
Санс, постигнувајќи ја својата 33. победа сезонава, се бори за пласман во плејоф-натпреварите во Западната конференција. Најпрецизни во редовите на Санс беа Девин Букер со 35 поени, 9 скока, 7 асистенции, Микел Бриџис со 24 поени, Дарио Сариќ со 18 поени, 9 скока и Рики Рубио со дабл-дабл од 16 поени и 10 асистенции.
Севентисиксерс го доживеаја својот 29. пораз сезонава. Најдобар перформанс покажаа Алек Брукс со 23 поени, Раул Нето со 22, Мајк Скопт со 17 и Глен Робинсон со 15 поени. На натпреварот настапи и турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз, постигнувајќи 12 поени и една украдена топка.
Резултати
Орландо Меџик - Бруклин Нетс 96:108
Сан Антонио Спарс - Хјустон Рокетс 123:105
Филаделфија Севентисиксерс - Феникс Санс 117:130
Мемфис Гризлис - Бостон Селтикс 107:122
Далас Маверикс - Портланд Треил Блејзерс 131:134
Вашингтон Визардс - Милвоки Бакс 113:126
Сакраменто Кингс - Њу Орлеанс Пеликанс 112:106