Abdulkadir Karakaya
12 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АНКАРА
Кај играч на шпанскиот фудбалски клуб Барселона откриен е новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави клубот се вели дека поради активностите поврзани со почетокот на новата фудбалска сезона, тестирани се 9 фудбалери, при што кај еден од нив е утврдено дека е позитивен на тестот на Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека кај фудбалерот кој се наоѓа во домашен карантин не се забележани симптоми и дека е во добра здравствена состојба.
Фудбалерот чие име не е обелоденето, не бил во контакт со ниту еден од фудбалерите од А тимот на Барселона кои ќе заминат во Португалија каде што в петок ќе одиграат против Баерн Минхен во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони.