живот

Патиките на Мајкл Џордан со негов автограм продадени за 560 илјади долари

Срушен е рекордот за највисока цена постигната на аукција за пар патики

Mutlu Demirtaştan  | 18.05.2020 - Обновена : 19.05.2020
Патиките на Мајкл Џордан со негов автограм продадени за 560 илјади долари

ИСТАНБУЛ (АА) – Патиките на Мајкл Џордан, едно од легендарните имиња на Американската кошаркарска лига (НБА), на аукција беа продадени за 560 илјади долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Аукцијата на патиките на Џордан, со негов автограм, што ги носеше за време на неговата прва сезона во НБА лигата, во 1985 година, кога играше за Чикаго Булс, се реализираше преку веб-страницата Сотби (Sotheby).

Патиките на легендарниот американски кошаркар, што беа во сопственост на колекционерот Џордан Гелер од 2012 година, достигнаа цена од 560 илјади долари и беа продадени за околу 4 пати поголема цена од очекуваната.

Од друга страна, беше срушен рекордот за највисока цена постигната на аукција за пар патики.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.