Mustafa Kurt
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Кристин Гросо, братучетката на Кристијано Роналдо, светска фудбалска ѕвезда од шпанскиот гигант Реал Мадрид, ќе се омажи за Мехмет Ѓувенер од Аланија, кој живее во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Мехмет Ѓувенер, кој работи како раководител во една американска компанија, планира да се ожени со Кристин Гросо, која е ќерка на тетката на Кристијано Роналдо.

На 9 август, на брод во Аланија е организирана моминска вечер на која според турските обичаи, на идната невеста Гросо ѝ била ставена к'на на рацете. Се дознава дека по вечерта која беше организирана според турските обичаи, двојката со приватен авион на Роналдо заминал за Португалија.
Парот свадбата ја закажа за 20 јануари 2018 година, а свадбената церемонија ќе се одржи во градот Лусеа на Јамајка.