Ahmet Sait Akçay
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Фуднбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, вчера ги нарече сириските деца вистински херои, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е за децата од Сирија” , изјави вчера португалскиот фудбалер преку видео порака објавена на социјалната мрежа Твитер.
„Знаеме дека страдате многу. Јас сум многу познат играч, но вие сте вистински херои”, рече фудбалерот.
„Не ја губете надежта. Светот е со вас. Ние се грижиме за вас. Јас сум со вас” , објави Роналдо на Твитер.
Според Обединетите нации, од 2011 година, загинаа повеќе од 250.000 лица а повеќе од 10 милиони се раселени ширум земјата.
Сепак, според сирискиот центар за политички истражувања, бројот на загинати лица во петгодишниот конфликт изнесува 470.000.