Hüseyin Burak Demirer
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Германецот Мануел Нојер, голман на Баерн, Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го избра за најдобар во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На веб страницата на федерацијата соопштено е дека на овогодинешното гласање, на коешто учествуваа новинари и експерти од 56 земји, избран е најдобриот голман за 2016 година.
Нојер со 156 поени убедливо се најде на првото место, и оваа титула ја освои по четврти пат.
Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, кој четирипати беше најдобар голман, овој пат со 91 поен остана на второто место, додека трет беше Руи Патрисио, голман на португалскиот национален фудбалски тим, кој имаше 50 поени.
Резултатите од гласањето:
1. Мануел Нојер (Баерн Минхен) 156 поени
2. Џанлуиџи Буфон (Јувентус) 91
3. Руи Патрисио (Спортинг Лисабон) 50
4. Клаудио Браво (Барселона / Манчестер Сити), 45
5. Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед) 37
6. Јан Облак (Атлетико Мадрид) 31
7. Хуго Лорис (Тотенхем) 29
8. Кејлор Навас (Реал Мадрид) 18
9. Тибо Куртоа (Челзи) 13
10. Денис Онјанго (Мамелоди Сандаунс) 5