Mehmet Nuri Uçar
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници во Западниот Брег приведоа десет лица, меѓу кои се наоѓаат и членови на движењето Хамас, јавува Anadolu Agency (AA).
Од израелската армија соопштија дека за време на упадот на неколку локации во различни делови на Западниот Брег, приведени се десет Палестинци.
Во соопштението се додава дека седуммина од нив се сомничат за учество во насилни настани и кршење на јавниот ред, двајца се членови на Хамас, а еден е член на Палестинскиот народоослободителен фронт.
Палестинците, чиј идентитет не е откриен, се предадени на надлежните органи.
Израелските сили од различни причини скоро секој ден вршат упад во домовите на Палестинци и ги приведуваат. Според податоците од палестинска страна, во израелските затвори се наоѓаат околу седум илјади Палестинци.