Canberk Yüksel
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Двајца полицајци, кои во саботата дошле на пријава за вообичаена семејна расправа во Палм Спрингс во сојузната американска држава Калифорнија се убиени, а третиот е повреден, соопшти локалната полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата трага по најмалку еден осомничен. Членовите на полициските сили ја опколија куќата во која беше пријавено пукање, не исфрлувајќи ја можноста напаѓачот сè уште да се наоѓа во неа.
Пукањето се случило во 12:30 часот по локално време, изјави началникот на полицијата Брајан Рејес. Убиените полицајци се Жозе Гилбер Вега (35) и Лесли Зеребни (27), мајка на четири деца.
Третиот полицаец кој учествувал во интервенцијата е повреден и хоспитализиран, тој е во свесна состојба.