Ekipa
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Рускaтa нацрт-резолуција во која се повикува на примирје, но не и на прекин на бомбардирањата во сирискиот Алепо, не беше усвоена синоќа во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Во рускиот текст се повикува на одвојување на умеренте и екстремни сили во Сирија, но, исто така, и се повикува и за примена на прекинот на непријателствата, пред сè во уништеното Алепо.
Руската нацрт-резолуција не успеа да ги добие минималните девет гласа за да биде усвоена. За оваа предлог-резолуција гласаа четири држави, девет беа против, а две земји беа воздржани.
Метју Рајкрофт, британскиот амбасадор во ОН, руската нацрт-резолуција ја наречена срамна, бидејќи не предвидува ништо за да ги заштити цивилите во Алепо.
Синоќа, Русија стави вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН подготвена од страна на Франција, која предвидува прекин на огнот во сирискиот Алепо и забрана за летови на сите воени авиони.