İsmet Karakaş
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
БЕИРА (АА) - ИСМЕТ КАРАКАШ –
Градот Беира и околните области на Мозамбик ги носат трагите од катастрофата по ураганот Идаи и од поплавите што ја погодија земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во координација на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), ТИКА, Министерството за здравство (UMKE), Турската полумесечина и екипите на Здружението за пребарување и спасување (AKUT), продолжуваат со активностите во градот Беира.
Градот го посети и екипата на Anadolu Agency (AA) и направи снимки на кои е можно да се види причинетата материјална штета. Во многу делови од градот, се уште нема електрична енергија, а водата влегла во куќите.
По катастрофата голем дел од куќите се поплавени. Жителите кои сакаат да се вратат во своите домови, ќе мора да се справуваат со штетата што зад себе ги оставија поплавите.
Ураганот, покрај земјоделското земјиште ја оштети и инфраструктурата. Транспортот меѓу Беира и околните населби се одвива отежнато поради уништените патишта.
На местата каде што е повлечена водата, жителите работат дење и ноќе за да ја поправат штетата и ја исчистат глината од ураганот.
Според властите, голема среќа е тоа што аеродромот и пристаништето не се оштетени од ураганот и поплавите. Меѓународната помош оттаму може полесно да стигне до регионот.