Bekim Laci
16 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денес на Инвестицискиот самит на Западен Балкан, во присуство на сите премиери од регионот, Европската унија го комплетира продолжието на грантот од 12 милиони € за поддршка на изградбата на првата електрична интерконекција помеѓу Албанија и Република Македонија и воведување на подобрувањето на мрежната ефикасност на инфраструктурата на МЕПСО, јавува Anadolu Agency (AA).
Финансирањето се обезбедува во рамките на WBIF Инструментот за претпристапна помош (ИПА) фондови за 2015. ЕБОР веќе го предаде заемот од 37 милиони € за проектот за зајакнување на регионалната интеграција на енергетските пазари во земјите од Западен Балкан. Претседателот на ЕБРД, Сер Сума Чакрабарти речe дека ЕУ е среќна што може да даде свој придонес во овој многу значаен проект.
"Ние сме среќни што даваме придонес од ЕУ во овој многу значаен проект. Со поддршка на клучната регионална прекугранична инфраструктура и создавање на поголем интегриран енергетски пазари се зголемува енергетската безбедност. Тоа е еден од главните приоритети на ЕБОР во енергетскиот сектор на Западен Балкан. Овој проект e важен чекор кон воспоставување на регионален пазар на електрична енергија", рече Чакрабарти.
Генералниот директор за проширување од Европската комисија, Кристијан Даниелсон смета дека со изградбата на овој далновод, и македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат големи придобивки.
"Овој проект е дел од иницијативата на Европската комисија за воспоставување на коридор за пренос на електрична енергија Исток-Запад. Со изградбата на овој далновод, и македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат големи придобивки. ЕУ обезбедува значителна поддршка за овој сектор преку ИПА програмата и преку Инвестициската рамка за Западен Балкан".
Овој проект е дел од иницијативата на Европската комисија за воспоставување на коридор Исток и Запад за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија, вклучувајќи го и планираниот подводен кабел од Црна Гора во Италија, значаен чекор кон воспоставување на регионален пазар на електрична енергија. Компонентите на мрежната ефикасност имплементирани од страна на МЕПСО, ќе допринесат во уверувањето дека преносот на електрична струја е енергетски ефикасен и дека се користат најдобрите достапни технологии.
Проектот доби техничка помош од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) за финансирање на физибилити студија, за оценка за влијанието на животната средина и општеството и подготовка за главниот дизајн на проектот.
Европската унија е најголем донатор на ЕБОР. Во 2014 година се ставени на располагање 105 милиони евра.