свет

Во ЕУ порасна продажбата на автомобили за 8,7 отсто

Според најновите податоци на произведувачите, најмногу нови автомобили во ЕУ во октомври продала групацијата Фолксваген, вкупно 293.077 единици

Ata Ufuk Şeker  | 19.11.2019 - Обновена : 21.11.2019
Во ЕУ порасна продажбата на автомобили за 8,7 отсто

БРИСЕЛ (АА) - Вкупната продажба на пазарот за автомобили во Европската Унија (ЕУ) во октомври годинава порасна за 8,7 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесуваше еден 1.177.746 единици, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Европското здружение на произведувачи на автомобили (ACEA), во периодот од јануари до октомври 2019 година регистирани се вкупно 12.946.921 нови автомобили, што е помалку за 0,7 отсто во однос на истиот период минатата година.

Од земјите на Европкста Унија во октомври најмногу нови автомобили регистрирани се во Германија, и тоа 284.593 единици.

По Германија следи Франција со 188.987, Италија со 156.851, Велика Британија со 143.251 и Шпанија со 93.961 нови автомобили.

Според најновите податоци на произведувачите, најмногу нови автомобили во ЕУ во октомври продала групацијата Фолксваген, вкупно 293.077 единици.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın