свет

Палестинскиот премиер: „Одлуката на САД значи потценување на меѓународното право“

„Американската пристрасност кон една од најрадикалните струи во Израел ги спречува да ги видат основните принципи на меѓународното право...“

Gülşen Topçu  | 19.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
Палестинскиот премиер: „Одлуката на САД значи потценување на меѓународното право“

РАМАЛАХ (АА) - Палестинскиот премиер, Мухамед Иштије, истакна дека одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) еврејските населби во окупираниот Западен Брег повеќе да не ги сметаат за незаконски, значи потценување на меѓународното право, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Иштије во изјавата за Палестинската информативна агенција ВАФА (WAFA) нагласи: „Американската пристрасност кон една од најрадикалните струи во Израел ги спречува да ги видат основните принципи на меѓународното право. Ова не е ништо друго, туку само уште еден обид за поддршка на Бенјамин Нетанјаху во последните моменти од премиерската трка“.

Истакнувајќи дека изјавите на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, за еврејските населби на Западниот Брег значат потценување на меѓународните закони, Иштије ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на ваквите опасни изјави кои ги поткопуваат напорите за воспоставување мир.

Американскиот државен секретар Помпео соопшти дека повеќе не ги сметаат за нелегални еврејски населби на окупираниот Западен Брег.

Западниот Брег, окупиран од Израел во 1967 година, има близу 250 нелегални еврејски населби. На овие места живеат над 400.000 еврејски доселеници.

Според меѓународното право, сите еврејски населби во окупираните територии се сметаат за нелегални.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.