свет

Терористички напад врз воени единици во Мали: Загинаа 24 војници

- Во терористичкиот напад загинаа 24 војници, а 29 се ранети, при што е загубено големо количество воена муниција

Alaattin Doğru  | 19.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
Терористички напад врз воени единици во Мали: Загинаа 24 војници

ДАКАР

Во африканската држава Мали во постојан подем се терористичките напади. Во северниот дел на земјата поставена е стапица за воените единици, во која, според првичните проценки, животот го загубиле 24 војници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објавија Вооружените сили на Мали се наведува дека во близина на местото Табанконт, северно од градот Гао, терористите поставиле стапица за воените единици, кои заедно со војниците на Нигер спроведувале координирана патрола долж границата.

Во соопштението се вели дека во нападот загинале 24 војници, а 29 се ранети, при што е загубено големо количество воена муниција. Во возвраќањето од страна на Војската, неутрализирани се 17 терористи.

Стотици осомничени се приведени под обвинение за поврзаност со нападот.

Во североисточниот дел на Мали, во подрачјето на границата со Нигер, на 1 ноември терористите извршија напад во кој загинаа 53 војници и еден цивил.


- Насилни настани во Мали

Од 2012 година, северните и централните делови на земјата се место на сепаратистички судири и терористички напади.

Ниту мисијата на Франција во Мали под името Операција „Баркхане“, во која учествуваат 4.000 војници и 15.000 [цивилни] лица кои се дел од мировните сили на Мисијата на Обединетите нации за стабилизација на состојбата во Мали (MINUSMA), досега не успеаја да ја отстранат безбедносната закана во оваа африканска земја.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın