Arif Yusuf,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
БАГДАД (АА) - Портпаролот на Министерството за електрична енергија на Ирак, Мухамед Фетхи, соопшти дека Иран ја прекина испораката на електрична енергија, јавува Anadolu Agency (AA).
Фетхи во својата изјава за дописникот на АА изјави: „Иран синоќа ја прекина испораката на 800 мегавати електрична енергија, која ја даваше преку линијата Хуремшехир-Басра и Керхат ел-Емар“.
Портпаролот Фетхи изјави дека неговата земја на Иран му должи 600 милиони долари. И покрај дадените судски гаранции, електричната енергија била прекината, без никаква претходна најава.
И турската енергетска компанија АД „Каркеи карадениз електрик уретим“, во месец мај, поради долгови ја прекина испораката на 410 мегавати ел. енергија за градот Басра, која по дадените гаранции повторно беше воспоставена.
Во меѓувреме, поради високите темератури во Ирак, кои изнесуваат 50 степени Цезлиусови, честите прекини на електрична енергија предизвикуваат реакции кај народот.