Ala er-Rimavi,Zeynep Hilal Karyağdı
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската полиција изврши претрес на куќите во Ерусалим и приведе 38-мина Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Емџед Ебу Асаб, претседател на Комитетот за семејствата на приведените Палестинци, изјави дека во утринските часови, израелската полиција спровела сеопфатна операција на различни области во Ерусалим.
Во реоните Ебу Асаб, Силван и Раус Амуд, каде што беа интензивирани полициските операции, израелската полиција изврши претрес на куќите и приведе 38 Палестинци, меѓу кои и деца. Не се откриени причините за приведувањата.
Израелските сили често организираат операции против Палестинците тврдејќи дека Палестинците прават обиди за напад против Израелците.
Од изминатиот октомври досега, поради израелските напади против Палестинците и поради прекршоците на Евреите што се однесуваат на светото место Месџиди Акса, сѐ уште продолжуваат конфликтите меѓу израелските војници и Палестинците.