Emre Gürkan Abay
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, критикувајќи ја одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со Голанската Висорамнина, изјави: „Изразуваме жалост за оваа одлука која ќе предизвика негативни последици. Вашингтон направи уште еден нов чекор кој го прекршува меѓународното право“, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков во Москва даде изјава за медиумите во врска со потегот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој го потпиша претседателскиот декрет со кој го призна израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.
Песков рече дека оваа одлука ќе предизвика негативни последици на Среден Исток и во Сирија.
„Изразуваме жалост за оваа одлука која ќе предизвика негативни последици“, додаде тој.
Песков ги обвини САД дека го прекршуваат меѓународното право.
„Вашингтон направи уште еден нов чекор кој го прекршува меѓународното право. Затоа изразуваме жалост“, рече Песков, информирајќи дека претседателот на Русија, Владимир Путин, на оваа тема ќе разговара и со либанскиот претседател Мишел Авн, кој се наоѓа во посета на Москва.
Голанската Висорамнина, која се наоѓа во јужниот дел на Сирија, од Шестдневната војна во 1967 година досега е под окупација на Израел, кој во 1981 година соопшти дека еднострано ја анектирал Голанската Висорамнина, но меѓународната заедница не ја призна оваа одлука.
Трамп вчера го потпиша претседателскиот декрет со кој го призна израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.