Emre Aytekin
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ТОРОНТО (АА) - По минувањето низ Бахамите и југоисточниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) разорниот ураган Доријан го погоди источниот крајбрежен регион на Канада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националниот американски центар за урагани соопшти дека од викендот ураганот со значително послаб интензитет ги погодил канадските региони Нова Шкотска, Њуфаундленд и Лабрадор.
Најтешко е погоден главниот град на Нова Шкотска, Халифакс, каде што ветрот достигнал брзина до 100 километри на час.
Ветрот уништил повеќе објекти, покриви и еден кран на градилиште, но досега нема иформации за настрадани.
Станува збор за еден од најразорните урагани кој минатата недела ги погоди Бахамите и усмрти најмалку 44 лица.
Поради силниот налет на Бахамите, Доријан е сместен во урагани од петта категорија, а со пристигнувањето на тлото на Канада неговиот интензитет се намалува и е вклучен во втората категорија урагани.