Selçuk Acar
09 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Поради ураганот Ирма, кој се движи кон САД, во Флорида која прва би можел да ја погоди, донесена е одлука да се евакуираат околу 5,6 милион лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Кога ќе се земе в предвид овој број, ураганот е една од најголемите опасности кои и се закануваат на оваа земја.
Станува збор за најсилен до сега забележан ураган во Атлантскиот океан. До сега уништи илјадници куќи на островите во Атлантскиот океан. Животот го загубија повеќе од 20 лица. До Флорида останаа уште 450 километри. Се очекува дека ураганот Ирма би можел да го погоди САД вечерва.
Во Флорида, Северна и Јужна Каролина, Џорџија и Вирџинија е прогласена вонредна состојба. На подрачјето Мајами-Дејд околу 100.000 лица веќе се сместени во засолништата.
Жителите на Флорида масовно се обезбедуваат со храна и вода во случај ураганот да го погоди копното. И на Карибите жителите се упатија кон маркетите за да се снабдат со основните намирници. Аеродромите на неколку острови се веќе затворени, а јавните засолништа отворени.
Гувернерот на Флорида, Рик Скот, ги предупреди граѓаните дека „времето истекува“. Тој истакна дека е потребно да се оди на подрачјата за евакуација. Скот порача дека станува збор за бура која ова подрачјето претходно ја нема видено.
Американскиот претседател Доналд Трамп, предупреди на разорниот потенцијал на ураганот Ирма додека таа бура од 4.категорија не тргне кон Флорида.
Тој ги повика жителите кои се наоѓаат на подрачјето кое би можело да бидепогодено од ураганот да се придржуваат на препораките и инструкциите на властите.
Најавено е и дека од денес ќе бидат затворени сите водени паркови, спортски комплекси, „Disney World" и „Disney Springs" во Орландо на Флорида.
Гувернерот на Флорида, Скот, ги повика сопствениците на бензинските пумби, доколку е можно да ги држат отворено пумпите за потребите на граѓаните.
Ураганот ги опустоши островите ширум Карибите, оставајќи зад себе само урнатини. Станува збор за најсилен до сега забележан ураган во Атлантскиот океан. Ирма се заканува да биде втор силен ураган кој ќе го погоди брегот на САД, откако минатата недела ураганот Харви ја погоди сојузната држава Тексас и го разори Хјустон, четвриот по големина град во САД, земајќи десетици животи.