Furkan Naci Top
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
СОЛУН (АА) - Anadolu Agency (АА) и Грчката новинска агенција АМНА потпишаа договор за меѓусебна соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на состанокот на Генералното собрание на новински агении на Југоисточна Европа (ABNA-SE), беше одржана церемонија на која Заменик генералниот директор на Anadolu Agency Мустафа Озкаја и Генералниот директор на АМНА Михалис Псилос потпишаа договор.
Обновениот договор овозможува двете агенции да продолжат со соработката, вршејќи размена на вести, фотографии и видео-материјали. Договорот истовремено овозможува AМНА да учествува во едукативната програма на АА за воено дописништво.
По потишувањето, Озкаја и Псилос си разменија подароци, а покрај подарокот, заменик генералниот директор Озкаја на Псилос му ги врачи и изданијата на АА „Од минута во минута, обидот за државен удар од страна на ФЕТО” и „Istanbul Photo Awards 2017".
- „Договорот ќе овозможи зголемување соработката меѓу двете земји”
Заменик генералниот директор на АА Озкаја, по церемонијата на обновувањето на договорот изјави: „Многу сме задоволни поради обновувањето на меѓусебниот договор со АМНА”.
„Anadolu Agency стана агенција со мрежа која има пристап до многу голем дел од светот. Најзначајните две агенции на Грција и Турција си пружија рака на пријателство, што во иднина ќе ја зголеми соработката и помошта меѓу двете држави”, истакна Озкаја.
Укажувајќи на важноста на соработката меѓу регионалните новински агенции, Озкаја рече: „Вестите изработени надвор од регионот, ги одразуваат изобличувањата и предрасудите на надворешните гледишта. Сметаме дека соработката меѓу регионалните новински агенции ќе има многу голем удел во културниот развојот на пријателскиот, братски и заеднички живот во регионот”.