Büşra Selvi Öğütcen
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
ТАМПА (АА) – Подметнат е пожар во една џамија во американската држава Флорида, јавува Anadolu Agency (AA).
Противпожарната на областа Хилсбороу соопшти дека избувнал намерно подметнат пожар во џамијата на исламското здружение „Нова Тампа" која што се наоѓа во градот Тампа во Флорида.
Во соопштението стои дека пожарот во кој е интервенирано во 02.00 часот по локално време, го оштетил делот на џамијата наменет за извршување молитва.
Во соопштението стои дека причината за немање жртви било поради тоа што немало никој во тоа време во џамијата, додека доказите собрани на местото на настанот посочуваат дека пожарот е подметнат намерно.
Адвокатот Мустафа Амеен, воедно портпарол на исламското здружение „Нова Тампа", изјави дека се очекуваат резултати од истрагата за да се добие појасна слика во врска со пожарот, и дека се многу задоволни од солидарноста во општеството.
Вилфредo Амр Руиз, портпаролот на Советот за американско-исламските односи (CAIR), која што е една од најголемите организации која ги претставува муслиманските здруженија во САД, изјави дека многу е загрижувачко кога општествата се жртва на омраза како што е во овој случај.
Во џамијата е подметнат пожар и по изјавувањето дека во оваа џамија одел Омар Матен, со авганистаско потекло, кој што уби 49 лица и рани 53 лица во напад на ноќен клуб во градот Орландо во Флорида на 12 јуни.
Тогаш во џамијата имаше штета од 100 илјади долари, додека напаѓачот на џамијата Џозеф Мајкл Шрибер, кој што имал криминално досие и објавувал анти-исламски пораки по социјалните медиуми, беше казнет 10 илјади долари парична казна и со 30 години затворска казна.